Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер смета дека Монако донел правилна одлука со тоа што го назначи за тренер на Тиери Анри.
Анри вчера и официјално го презеде кормилото на Монако, а Венгер сигурно е човек кој најмногу ги познава квалитетите на Французинот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Анри е добар избор за Монако. Заслужи таква доверба. Анри е многу умен, го разбира фудбалот добро. Според мене тој има се, за да успее. Но во почетокот секогаш е потребна малку среќа. Тој треба правилно да ја перцепира околната реалност и да жртвува нешто. Треба да се откаже од слободното време“, изјави Венгер, кој потоа го прокоментира предводникот на ПСЖ, Томас Тухел.
„Го следам внимателно развојот на Томас Тухел. Тој многу брзо се прилагодува на францускиот фудбал. Неговиот старт во Пари Сен Жермен е одличен. Првите впечатоци се многу позитивни. Мислам дека овој сегмент е исклучително важен, кога доаѓате од друга земја“, заклучи искусниот стратег.