Дома Фудбал Англија Венгер прв пат го надмудри Мурињо: Арсенал го надигра Манчестер Јунајтед

Венгер прв пат го надмудри Мурињо: Арсенал го надигра Манчестер Јунајтед

Во дерби натпреварот од 36.коло на Англиското фудбалско првенство Арсенал го победи Манчестер Јунајтед со 2:0, воедно ова беше прв триумф за менаџерот на „топџиите“ Арсен Венгер против екипа која ја предводи Жозе Мурињо.

Со овој триумф Арсенал ги задржа шансите за освојување на 4.место и пласман во Лигата на шампионите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Резултати на другите натпревари од оваа рунда:

Вест Хем – Тотенхем 1:0,
Манчестер Сити – Кристал Палас 5:0,
Лестер – Вотфорд 3:0,
Хал – Сандерленд 0:2,
Барнли – ВБА 2:2,
Бурнемут – Стоук 2:2,
Свонси – Евертон 1:0 и
Ливерпул – Саутемптон 0:0.

Денес колото ќе го комплетираат Челзи и Мидлзбро.

Табела: Челзи 81 бод, Тотенхем 77, Ливерпул 70, Манчестер Сити 69, Манчестер Јунајтед 65, Арсенал 63, Евертон 58.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Капело: Не можев да заспијам цела ноќ, ова е најголемата трагедија во историјата на Италија

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, како и повеќето Италијанци, е во шок. Видно …