Дома Фудбал Англија Венгер открива: Гвардиола дојде во мојот дом и бараше да игра за Арсенал

Венгер открива: Гвардиола дојде во мојот дом и бараше да игра за Арсенал

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити вчера беа елиминирани од Виган во ФА купот, но нема сомневање дека Шпанецот прави големи работи на клупата на „граѓаните“.

Оваа недела Манчестер Сити и Арсенал ќе се сретнат во финалето од Карабо Купот на „Вембли“, а Венгер пред овој натпревар открива интересни детали од минатото.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Зборував со Пеп неколку пати, во една ситуација дојде кај мене дома бидејќи сакаше да игра за Арсенал“, откри Венгер и продолжи:

„Освои многу повеќе отколку јас и добро знае што прави. Во кариерата водеше големи клубови, го почитувам она што го прави бидејќи има чист поглед на играта и позитивен пристап“, зборуваше Венгер.

Гвардиола иако го посетил Венгер не успеа да заигра за Арсенал, а играчката кариера ја заврши во 2006 година, а веќе во 2008 година ја превземе Барселона со која освои три титули во низа во домашното првенство и две во Лигата на шампионите, а потоа го превзема Баерн Минхен од каде што дојде во Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тренерот на женскиот Б тим на Валенсија загина со своите три деца

Во саботата Валенсија ги потврди трагичните вести дека тренерот на женскиот Б тим на овој …