Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер го „потсети“ својот колега од Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо дека тој во последните 21 година има поналку пари за засилувања во однос на неговите ривали.
Жозе Мурињо изјави дека за освојување на Премиер лигата неговиот клуб мора да троши многу повеќе, а дека таков притисок немаат Арсенал и Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед под водство на Мурињо ги доведе двете најскапи засилувања во својата историја – Пол Погба и Ромелу Лукаку.
„Во ваква позиција сум веќе 21 година, па поради тоа нема да почнам да се жалам. Секогаш имаше барем еден, а некогаш и четири клуба побогати од нас, па научив да се носам со тоа. Најважно е да се снајдете во ситуацијата во која сте. Манчестер Сити, Челзи, Јунајтед се побогати, но верувам дека можеме да најдеме начин да направиме успех“, изјави Венгер.