Дома Фудбал Англија Венгер искрен: Сакам Ливерпул да падне и јас да го зачувам рекордот

Венгер искрен: Сакам Ливерпул да падне и јас да го зачувам рекордот

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер беше искрен и призна дека навива против Ливерпул до крајот на сезоната, а има добра причина за тоа.

Ливерпул игра фантастично оваа сезона и има големи шанси да го повтори успехот на Арсенал од сезоната 2003/04 кога момците на Венгер завршија без пораз во Премиер лигата.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Поради тоа Венгер беше искрен и јавно потврди дека не сака Ливерпул да ја сруши неговата серија.

„Можно е Ливерпул да ја заврши сезоната без пораз. Тоа е нешто кое јас не го посакувам, затоа што кога нешто посебно ќе направите, сакате да останете единствени во тоа. Сепак, Ливерпул е на добар пат да остане непоразен, а ќе можам само да им честитам, рекордите се тука за да бидат срушени“, истакна Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голман од англиски гигант доаѓа во Интер целосно бесплатно!

Италијанските медиуми објавуваат дека Интер нашол замена за Јан Зомер, и тоа ни помалку, н…