Дома Фудбал Англија Венгер: Два пати се обидов да го купам Канте!

Венгер: Два пати се обидов да го купам Канте!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер призна дека во два наврати се обидел да го донесе францускиот репрезентативец, Нголо Канте на „Емирати“.

Канте минатото лето се пресели од Лестер во Челзи каде повторно игра брилјантна сезона, а утре со својот тим ќе игра против Арсенал.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Дали сакав да го купам? Да и тоа во неколу наврати. Додека играше во Франција како и додека играше во Лестер. Не можам сега да ги откривам причините, но сигурно се очигледни кога гледате во кој клуб заврши. Дали се во прашање пари? Не сакам да зборувам за тоа, не може да се објасни апсолутно се“, изјави Венгер.

Утре на програмата е големото дерби помеѓу Челзи и Арсенал кое може диретно да одлучи во борбата за шампионската титула.

„Челзи сега има мнпгу подобар дефанзивен баланс откако ги победивме дома 3:0 во септември. Многу се добри во транзиција. Го гледав натпреварот против Ливерпул и Канте имаше огромно влијание на мечот. Не случајно Челзи е на оваа позиција на табелата, како што не беше случајно ни местото на Лестер минатата сезона. Исто така, Диего Коста и Азар играат многу подобро од минатата сезона, па затоа Челзи е толку опасен“, заклучи искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола го нападна Артета: Следниот пат биди појасен

Пеп Гвардиола побара од Микел Артета да престане јавно да ги изнесува навредливите и неосн…