Дома Трансфер зона Венгер во проблеми, Лион добил фантастична понуда за Лаказет!

Венгер во проблеми, Лион добил фантастична понуда за Лаказет!

Французинот ќе го напушти Лион, но можеби дури во зимскиот преоден рок.

Фудбалскиот клуб Лион откри дека на масата има понуда од Атлетико Мадрид и дека не мора да брза со продажбата на Александар Лаказет.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Напаѓачот е голема желба на Арсенал. Лион е свесен дека нема да може да го задржи, но може да остане до зимскиот преоден рок, односно додека на Атлетико му истече суспензијата од страна на ФИФА.

„Немаме намера да брзаме со продажбата на Лаказет, затоа што секогаш можеме да ја прифатиме понудата од Атлетико Мадрид. Сигурно нема да го продадеме за 50-60 милиони колку што нуди Арсенал, кога Aтлетико нас ни понуди 65 милиони за откуп на први јануари. На Арсенал им соопштивме како стојат работите и сега на нив е да одлучат. Во овој момент Арсенал е далеку од договор и мислам дека Лаказет ќе остане до јануари токму поради понудата од Атлетико“, изјави претседателот на клубот, Жан-Мишел Олас.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса најде ефтина замена за Левандовски

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето,…