Играчот на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум е во центарот на вниманието поради неговата иднина во клубот.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а медиумите тврдат дека тој одбил да ја продолжи соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вајналдум беше запрашан за неговата иднина, а тој „топката ја префрли“ на раководството на Ливерпул.
„Нема ништо ново. Не мислам дека јас сум тој кој треба да дава информација. Клубот треба да го направи тоа. Ако има нешто, ќе ви соопшти клубот“, изјави Вајналдум, а потоа ја коментираше битката за титулата.
„Ситиацијата е променета бидејќи ние бевме на врвот, а сега ние сме тие кои ги следиме тимовите пред нас. Начинот на кој играме нема да се промени, нашата цел е титулата“.
🚨 Gini Wijnaldum will reject Liverpool's last-ditch efforts to keep him at the club – to fulfil a boyhood dream with Barcelona. Wijnaldum wants to follow in the footsteps of Johan Cruyff, Ronald Koeman and Frank Rijkaard. #awlfc [mirror] pic.twitter.com/w5VzjkLws5
— Anfield Watch (@AnfieldWatch) January 16, 2021