Дома Трансфер зона Вајналдум договорил трансфер во Интер?

Вајналдум договорил трансфер во Интер?

Фудбалерот на Ливерпул Вајналдум на лето многу веројатно ќе го напушти Ливерпул.

Според пишувањето на италијанските медиуми репрепзентативецот не планира да остане на „Енфилд“ и наводно веќе се договорил со Интер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Веќе некое време се шпекулира дека Холанѓанецот ќе си замине од „Енфилд“. Договорот му истекува во јуни и нема најави дека може да биде продолжен. Поради тоа неколку европски клубови покажаа интерес за неговиот потпис. Се поврзуваше и со Барселона и со ПСЖ, но на крајот изгледа ќе заврши во Интер.

„Колку што јас знам тој му даде ветување на Интер и како слободен играч ќе се пресели во Италија“, изјави новинарот на „Спорт Медијасет“ Сандо Сабатини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…