Дома Фудбал Лига на шампиони ВАР вчера „откажа“ во Гелзенкирхен – се расипа мониторот (ВИДЕО)

ВАР вчера „откажа“ во Гелзенкирхен – се расипа мониторот (ВИДЕО)

Јасно дербито на вечерта се играше во Мадрид каде што беа насочени сите погледи. На крајот во Мадрид Атлетико славеше со 2:0. Меѓутоа иако

Натпреварот во Гелзенкирхен привлекуваше помалку внимание понуди навистина големи возбудувања, а на крајот сепак англискиот клуб ја оправда фаворитската улога.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Серхио Агуеро уште во 18-тата минута го доведе Сити во водство и тогаш се мислеше дека „граѓаните“ нема да имаат тешка задача да ги однесат трите бода од оваа средба. Меѓутоа во 38-та и 45-та Бенталеб на ист начин – со удар од белата точка прави комплетен пресврт.

На „Велтинс“ арената посебна драма настана при првиот пенал Шалке. Тогаш Николас Отаменди играше со рака во својот шеснаесетник, а судијата Дел Соро покажа на белата точка. Меѓутоа Дел Соро не беше сигурен во својата одлука и сакаше да се консултира со ВАР.

Во тој момент настана и проблемот, мониторот се расипа, а Дел Соро мораше да ја контактира „ВАР“ собата од каде што му потврдија дека има елементи за најстрога казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…