Дома Фудбал Англија Варди: Јас во Челси? Па, нема кој не го поврзавте со нив

Варди: Јас во Челси? Па, нема кој не го поврзавте со нив

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди уште еднаш ги демантираше медиумските пишувања дека заминува од клубот, а ја искористи и приликата да се пошегува со медиумите кои секојдневно наоѓаат нов напаѓач кој би требало да премине во Челси.

Варди е само еден од неколкуте напаѓачи кој медиумите изменатите денови му направија трансфер во Челси, но тој одлучи да ги дематира тие пишувања со тврдење дека е среќен во Лестер и дека нема намера да замине.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Со кој клуб денеска ме поврзавте? Челси? Тие беа поврзани со секој, зарем не?“ – ги запраша новинарите и додаде:

„Мора овие информации да ги земате со резерва, тоа се само шпекулации. Обично почнат со намера некој да вложи пари во кладилници, па потоа почнат шпекулациите. Јас сум фудбалер на Лестер и сум концентриран само на овој клуб. Ќе биде така се додека клубот не каже друго.“ – додаде Варди.

Да потсетиме, Варди во минатото се поврзуваше со Арсенал, а освен со Челси во овој преоден рок се поврзуваше и со Евертон. Сепак, како што стојат работите тој ќе остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …