Дома Македонски спорт Вардар со цврста одбрана денес ќе атакува на пехарот во СЕХА!

Вардар со цврста одбрана денес ќе атакува на пехарот во СЕХА!

Актуелниот европски првак Вардар вечерва од 20.30 часот ќе се соочи против Веспрем во финале на СЕХА-лигата, каде што ќе ја брани титулата.

Веспрем е фаворит за трофејот затоа што Вардар доживеа големи промени летово и не е тој стариот, но и покрај тоа никој не смее да ги отпише „црвено-црните“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Вардар знае како да стигне до трофејот, а „тајната“ ја откри ракометарот Ловро Јотиќ.

„Мора да играме цврсто во одбрана за да го добиеме финалето, а треба да се покажат и голманите. Сметам дека детали ќе го решат победникот“, кажа Јотиќ.

На завршиот турнир во Задар најпрво ќе се пресметаат ППД Загреб и Мешков Брест за трето место, по што ќе играат Вардар и Веспрем од 20.30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…