Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар рутински до полуфинале на Супер Глоуб

Вардар рутински до полуфинале на Супер Глоуб

Европскиот шампион Вардар оствари рутинска победа против Ал Мудар од Саудиска Арабија (34-27) и се пласираше во полуфиналето на Супер Глоуб.

Почетокот на средбата мина со неколку грешки на двете страни и израмнет резултат, но Вардар после десет минути игра веќе имаше три гола предност. „Црвено-црните“ рутински ја контролираа играта и до полувремето веќе имаат пет разлика 17:12.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во вториот дел македонскиот шампион продолжи со добрата игра и во 41-та минута веќе имаше двоцифрена предност (27-17), па рутински го доврши мечот и запиша победа од седум гола разлика.

Најефикасен кај Вардар беше Тимур Дибиров со постигнати 6 гола, а Дисингер и Чупиќ дадоа по пет гола. 

Во полуфиналето македонскиот шампион ќе се сретне со Кил, а мечот на програмата е утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Ѓорческа елиминирана во првото коло на Ролан Гарос

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа уште во првото квалификациско коло го заврш…