Како и што беше најавено на прес-конференцијата пред неколку дена ФК Вардар се враќа во својата база во Хиподром.
Вардарци се враќаат во објектот по неопходната реконструкција која беше направена. Враќањето го потврди клубот утрово на својата официјална страна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„ФК Вардар официјално се враќа во својата база во Хиподром. По неопходната реконструкција на самиот објект, нашите фудбалери предводени од стручниот штаб, повторно ќе ги имаат најдобрите услови за тренинг.
Борбата за Вардар продолжува!
Во недела играме дома, против екипата на Шкендија. Знаеме колку овој натпревар е важен, но веруваме и дека секој Вардарец го знае тоа. Затоа во недела, ве повикуваме сите. Заедно сме во оваа борба – до крај!“, стои во објавата.