Дома Фудбал Останато Вардар најдобро рангиран македонски клуб на вечната листа на УЕФА

Вардар најдобро рангиран македонски клуб на вечната листа на УЕФА

Европската куќа на фудбалот ја објави листата на најдобри клубови кои настапувале во Лигата на шампионите и во претходниот формат на Европскиот куп.

Рангирањето е направено така што клубовите добивале два бода за секоја победа и еден за реми. Тука се вклучени и екипите кои играале квалификации.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од македонските клубови најдобро пласиран се Вардар кој има осум учества и рангиран на 149 место. Најголемиот успех Вардар го направи кога се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа. Во квалификациите за ЛШ црвено-црните имаат одиграно 24 натпревари и учинок од пет победи, осум нерешени и 11 порази. На своето конто собраа 18 бода.

Работнички зад себе има четири учества и биланс од три победи, шест нерешени и пет порази (11 поени). Со тоа тие се најдоа на 188 позиција. Зад Работнички следи Шкендија која има три настапи и 10 одиграни натпревари, три победи, еден нерешен резултат и шест порази (седум бодови). Teтовски клуб се најде на 258. позиција.

Своет место на ранкингот имаат уште и Силекс (351), Победа (389), Македонија ЃП (480) и Ренова (489). 

ПРВИТЕ 10 НА ЛИСТАТА:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…