Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар кој се соочуваше со нови проблеми во изминатиот период конечно минатата недела ги започна подготовките.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сега Вардар промовираше и засилување во нападот, но член на црвено-црните е Дарко Размоски кој доаѓа од ГФК Охрид.




„Дарко Размоски е нов играч на ФК Вардар. Има 23 години, доаѓа од екипата на Охрид, во својата кариера меѓу другото бил дел од екипите на Академија Пандев, Беласица, Пелистер. Игра на крилните позиции, а со најтрофејниот клуб во Македонија потпиша договор до крајот на сезоната“, потврдија Вардар преку социјалните мрежи.




Во текот на зимскиот преоден рок многу фудбалери го напуштија Вардар, па сега клубот ќе се обиде колку-толку да ги пополни празнините.