Двете првопласирани екипи на табелата во ПМФЛ Шкендија и Вардар забележаа победи во дуелите од 24-то коло.
Лидерот и актуелен шампион Шкендија рутински со 3-0 славеше на гостувањето кај Силекс, додека Вардар во градското дерби како „гостин“ го победи Работнички со 2-0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардарци иако не важеа за фаворити, сепак, успеаја да победат со головите на Цветаноски во 6-та минута, и на Фелипе во 55-та минута.
Шкендија со 0:3 и без проблеми го совлада Силекс во Кратово. Лидерот на табелата победи благодарение најпрво на автоголот на Миленковски во првиот дел, а потоа Ибраими и Муслиу ставија точка на овој триумф.
Триумф на гости оствари и екипата на Македонија Ѓорче Петров кој со 1-0 славеше кај Шкупи. Честа на домаќините ја одбрани Ренова која во најефикасниот дуел ја победи Беласица со 3-2.