Дома Фудбал Варан се повреди – Зидан остана без одбрана!

Варан се повреди – Зидан остана без одбрана!

Зинедин Зидан се соочува со големи проблеми пред дуелот со Севиља откако вчера на дуелот против Борусија Дортмунд остана без Рафаел Варан.

Ова е голем удар за Зидан бидејќи за мечот против Севиља остана практично без одбрана. Поради суспензија во тимот нема да бидат Рамос, Каземиро и Карвахал, а од претходно повреден е Хесус Валехо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Повредата на Варан не изгледа толку лошо, но нема да игра против Севилја, тоа е сигурно“, потврди Зидан.

Францускиот стратег сега ќе има големи проблеми да ја состави одбраната за мечот против Севиља, па најверојатно ќе биде приморан на стоперското место да игра со играчот за врска Маркос Љоренте, а негов партнер најверојатно ќе биде Начо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах има нова тактика за изведување пенали – ќе биде кошмар за голманите (Видео)

Ливерпул се пласираше синоќа во осмина-финалето на ФА Купот бидејќи успеа на свој терен бе…