Дома Фудбал Варан ги покажа последиците од дуелот, Ленгле тврди: Не беше пенал

Варан ги покажа последиците од дуелот, Ленгле тврди: Не беше пенал

Синоќешното „Ел Класико“ заврши без голови и без победик, но после мечот имаше големи полемики за судењето и ВАР системот.

Од таборот на Реал Мадрид се незадоволни и сметаат дека судијата ги оштетил во две ситуации, особено после дуелот помеѓу Ленгле и Варан во казнетиот простор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ленгле невнимателно стартуваше над Варан и му остави трага на бутниот мускул, но судијата сметаше дека нема елементи за пенал, а ВАР не се огласи.

Сепак дефанзивецот на Барселона, Ленгле смета дека немало елементи за пенал во таа ситуација и дека судијата донел исправна одлука.

„Сакав да ја удрам топката со глава и го засилив движењето на телото кон топката. Не направив прекршок врз него, ја расчистив опасноста најсилно што можев, според мене тоа не беше пенал, постои ВАР, судијата одлучи дека нема никаков прекршок за најстрога казна“, истакна Ленгле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати спектакуларно, бидејќи првите шест натпревари од главната фаза …