Tимот на Ливерпул барем привремено се врати на врвот на премиерлигашката табела, „црвените“ потешко од очекуваното го победија Фулам во натпревар од 31-то коло во англиското првенство.
Во моментите кога трабаше да го решат натпреварот „црвените“ направија кикс и малку недостасуваше фенерџијата да приреди сензација. Англичаните таа грешја на рекоа, грешка од 142.5 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вирџил Ван Дијк и Алисон Бекер не се разбраа, а тоа го искористи Рајан Бабел.
Бразилскиот чувар на мрежата лошо ја исфрли топката и така го доведе Ван Дијк во незгодна позоција. Скапиот Холанѓанец со својата реакција можеше да фрли сенка на скоро цел совршен натпревар на „Алијанц Арената“ каде што пред три дена го елиминираа Баерн Минхен.
Virgil Van Dijk has made his first error leading to a goal for Liverpool in the Premier League.
A rare mistake but ultimately not costly. pic.twitter.com/aXvqxhozEZ
— Squawka Football (@Squawka) March 17, 2019
За Ван Дијк ова беше прв грешка во дресот на Ливерпул која доведе до примен погодок во Премиер лигата, но Ливерпул можеше скапо да ја плати.
“Нема да барам изговори, требаше подобро да реагирам во таа ситуација. Тие постигнаа гол ,а потоа и ние, па освоивме три бода и повторно сме на врвот на табелата. Знаевме дека ќе биде тешко, но ние самите си ја отежнавме работата. Не игравме мирно, но победивме и сега можеме да се сконцентрираме на натпреварите за репрезентацијата’, изјави Ван Дијк после натпреварот.
Тимот на Јирген Клоп сега има 76 бодови, два повеќе од Сити кој има натпревар помалку.