Дома Фудбал Англија Ван Дајк човек на одлука: Ливерпул по продолженија го победи Челзи во финалето од Лига Купот

Ван Дајк човек на одлука: Ливерпул по продолженија го победи Челзи во финалето од Лига Купот

Фудбалерите на Ливерпул ја освоија титулата во англискиот Лига Куп откако во финалето на „Вемблиз“ по продолженија го победија Челзи со минимални 1:0.

Во регуларниот дел гледавме отворена игра, мрежата по еднаш се тресеше и на двете страни, меѓутоа ВАР реагираше, па погодоците се поништуваа.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Спорна ситуација видовме кон средината на првото полувреме кога Каиседо брутално стартуваше над Гравенберх кој за тој старт на крајот и со ВАР не доби ниту жолт картон. Поради повреда холандскиот фудбалер мораше да го напушти теренот.

Моментот на одлука се случи пред крајот на второто продолжение кога Ван Дајк во 118. минута постигна гол вреден трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави го отпиша, Флик го врати, сега потпишува до 2030 година!

Патот на Ерик Гарсија, кој од четврт стопер стана незаменлив елемент во Барселона, претста…