Ливерпул со многу мака и доста среќа го победи Тотенхем со резултат 2:1 и на тој начин ја продолжи битката со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата.
Меѓутоа, можеше да биде сосема поинаква ситуација, бидејќи Тотенхем при резултат 1:1 имаше чиста шанса за победа. Во финишот „црвените“ тргнаа по победа и оставија доста простор за контранапади.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобрата шанса ја имаше Сисоко во 85-та минута, но не успеа да постигне гол и тоа благодарение на генијалниот потег на Вирџил ван Дајк.
Холанѓанецот ја следеше акцијата, но не го нападна Сисоко, туку го бранеше просторот на Сон и со тоа го примора Французинот да шутира со лева нога.
„Видов како Сисоко оди према голот и знаев дека е десничар. Го штитев Сон бидејќи тој обично ги завршува таквите ситуации, па одлучив дека е подобро него да го затворам. Сисоко го пуштив бидејќи знаев дека многу се мали шансите да постигне гол со лева нога“, објасни Ван Дајк.