Дома Фудбал Останато Ван Гал пронајде начин како да му се одмазди на Манчестер Јунајтед

Ван Гал пронајде начин како да му се одмазди на Манчестер Јунајтед

Во среда на програмата е финалето во Лигата на Европа во кој силите ќе ги одмерат Јунајтед и Ајакс.

Главната цел на Манчестер Јунајтед оваа сезона е освојувањето на ЛЕ за директно да се квалификуваат во ЛШ. Избраниците на Жозе Мурињо во среда го играат големото финале против Ајакс кој подготви тајно оружје за натпреварот против англиската екипа.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имено, холандските медиуми објавија дека Ајакс го ангажирал поранешниот менаџер на „Црвените ѓаволи“, Луис Ван Гал за да им помогне во подготовките пред натпреварот со Јунајтед. Ван Гал минатото лето доби отказ на „Олд Трафорд“, а на неговото место дојде сегашниот менаџер на Јунајтед, Жозе Мурињо.

Многумина сметаат дека Ван Гал се израдувал на повикот од Ајакс, и дека на ваков начин ќе се обиде да им се одмазди на Манчестер Јунајтед за отказот. Се уште не е познато дали Ван Гал ќе биде дел од делегацијата на Ајакс на финалниот натрпевар или на холандската екипа ќе им помогне само на подготовката за натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…