Дома Топ вести Ванда на Ибица го продава Икарди на Јувентус!

Ванда на Ибица го продава Икарди на Јувентус!

После веста дека Наполи и Јувентус се борат за потписот на Икарди пристигнува дополнување – Ванда одржала сосостанок со спортскиот директор на Јувентус.

Мауро Икарди после шест години и 124 гола го напушта Интер, а фаворит во овој момент да го доведе е Јувентус. Според последните информации цената за која Икарди може да заврши во Торино е 60 милиони евра.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сопругата иа гент на аргентинскиот голгетер по тој повод се сретнала со Фабио Партичи, спортскиот директор на Јувентус. Состанокот бил одржан на Ибица.

Од вчера вечер скоро сите италијански медиуми пишуваат за состанокот во хотелот „Гран“ на Ибица. На тој состанок Партичи на Ванда и понудил осум милиони евра годишна плата за нејзиниот сопруг.

Икарди изрази желба да остане во Интер, но тренерот Антонио Конте порача дека нема да смета на него, па Аргентинецот мора да пронајде нова средина и тоа најверојатно ќе биде најголемиот ривал на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…