Дома Фудбал Италија Ванда започна преговори за трансфер на Мауро Икарди

Ванда започна преговори за трансфер на Мауро Икарди

Мауро Икарди се враќа во Италија. Така барем тврди Газета дело Спорт, кој пренесува дека напаѓачот од наредната сезона веројатно ќе го носи дресот на торински Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Спортскиот директор на Старата дама, Фабио Паратичи започнал преговори со сопругата и агент на Икарди, Ванда за потенцијален трансфер во Јувентус.

Ако се договорат околу сите услови Бјанконерите на Интер за услугите на овој фудбалер ќе му платат 65 милиони евра.

Да потсетиме, 27-годишниот аргентински фудбалер е отпишан во Интер и кај тренерот Конте. Оваа сезона е на позајмица во ПСЖ каде игра одлично.

На 31 натпревар оваа сезона постигна 20 погодоци и запиша 4 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скршен од болка: Погледнете ја реакцијата на Роналдо откако беше откажано шампионското славје на Ал-Наср (Видео)

Играчите на Ал-Наср вчера вечерта имаа можност со победа над Ал-Хилал да станат шампиони н…