Дома Топ вести Ванда ги исплаши „нероаѕурите“: Во контакт сме со два клуба!

Ванда ги исплаши „нероаѕурите“: Во контакт сме со два клуба!

Сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара, со последната изјава потврди дека за нејзинот сопруг кого го застапува интерес покажале неколку клубови.

Икарди засега е лојален на Интер, но доколку „нероаѕурите“ не се пласираат во Лигата на шампионите што е реално доколку продолжат со формата во која се наоѓаат овој момент неговото останување ќе биде ставено под голем знак прашалник.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сега неговата сопруга која е и негов агент признва дека одржува контакт со два клуба кои сакаат да го доведат Икарди веќе ова лето.

Ванда во последното интервју за „Кориере Дело Спорт“ изјави:

„Во последниот период, неколку клубови покажаа интерес за Икарди, остваривме контакт со два од нив. Јас се грижам за иднината на Мауро и ќе морам да ја проценам ситуација и заедно да го избереме најдоброто решение“.

Новинарите ја запршаа и за имињата на клубовите, но добија само краток одговор: „Нема имиња“.

Сепак, на големо се шпекулира дека се работи за Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

 

Икарди во Интер настапи на 147 натпревари и постигна 89 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…