Новиот тренер на Валенсија, Чезаре Прандели од сопствениците побарал да го донесат капитенот на Милан и италијански репрезентативец Рикардо Монтоливо.
Познато е дека Прандели исклучително ги цени квалитетите на Монтоливо и сака да го има во својот тим, па раководството на Валенсија е спремно да му ја исполни желбата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Монтоливо е стандарден во Милан но е многу критикуван поради лошите резултати на „росонерите“, а фактот дека ја носи капитенската лента дополнително го засилува притисокот на него.
Валенсија е спремна во јануари да испрати официјлна понуда од 10 милиони евра за потписот на Монтоливо, сепак тешко е да се поверува дека Милан ќе прифати заминување на својот капитен.