Дома Фудбал Англија Валенсија останува верен на Манчестер Јунајтед

Валенсија останува верен на Манчестер Јунајтед

Играчот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија денеска официјално го продолжи договорот со „Црвените ѓаволи“.

Овој 31-годишен фудбалер го продолжи договорот на уште една година, па така, сега е врзан со Јунајтед до летото 2019. година.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Манчестер Јунајтед е мојот жиот од 2009. година и многу сум среќен што го продолжив договорот. Среќен сум и од тоа што во средата ја освоивме Лигата на Европа, бидејќи тоа е единствениот трофеј кој му недостасуваше на овој клуб. Сакам да им се заблагодарам на соиграчите, луѓето од клубот и на Мурињо за нивната доверба. Се надевам дека во иднина ќе доживееме уште многу среќни моменти“, изјави Валенсија.

Антонио Валенсија пред да го облече дресот на Манчестер Јунајтед настапуваше за Виган, Виљареал, Рекреативо и неколку клубови од Еквадор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…