Сопственикот на Валенсија Питер Лим иако го врати клубот во Лигата на шампионите не е баш омилена личност на „Месталја“.
Имено, тој вложи пари во клубот, се започна со оној неуспешен обид со Невил, подоцна под влијание на Мендеш го доведе Нуно Еспирито Санто кој денес е во Вулверхемптон, оваа сезона клубот е предводен од Марселињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милионерот од Сингапур своевремено сакаше да го купи Ливерпул, беше поврзуван и со Јунајтед и генерацијата „92“, а има врски и со Кристиано Роналдо што го става во чудна позиција пред вечерашниот натпревар кога Јувентус гостува во Шпанија.
Ако Валенсија изненади и слави вечерва против „старата дама“ ќе се радува на бодовите, но ќе биде добро и за односот со навивачите, но ако победи Јувентус, Лим ќе продолжи да заработува на сметка на Роналдо.
Теоретски ова е конфликт на интереси. Роналдо и Лим се деловни партнери, бизнисменот од Сингапур има маркетиншки права на Кристиано во Азија и потпиша договор со фудбалерот во 2015 и тоа на шест години.
Покрај тоа тие се одлични пријатели, денешните медиуми во Шпанија пишуваат и дека навивачите на Валенсија се лути поради тоа што Лим никогаш не доаѓа на натпреварите, а се појави на презентацијата на Роналдо во Торино.
Исто така последниот натпревар кој го гледаше е натпреварот помеѓу Јувентус и Лацио во Торино каде што повторно беше гостин на Роналдо, потоа преку Лондон и Барселона замина во Париз и го купи Гуедеш од ПСЖ.
Значи, вечерва Лим може само да добие!