Дома Фудбал Валверде призна: Реал беше подобар!

Валверде призна: Реал беше подобар!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде призна дека Реал Мадрид заслужено го освои Супер купот на Шпанија.

Тренерот на Каталонците додаде дека сезоната е долга и дека очекува неговите избраници да ја вратат самодовербата во пресрет на следните натпревари.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Реал беше подобар од нас, особено на вториот дуел. Немаме проблем да признаеме дека тие заслужено стигнаа до трофејот. Ние треба да ја вратиме самодовербата и да победуваме, бидејќи во спортот нема непобедливи екипи. Мораме да гледаме напред, бидејќи наскоро почнува првенството. Треба да ги надминеме проблемите кои се појавија во преодниот рок и да почнеме да бележиме резултати“, изјави Валверде.

Реал синоќа на домашен терен ја победи Барселона со 2:0 и со вкупни 5:1 го освои Супер купот на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не е секогаш се во парите: Го има еден од најскапите договори во светот, а сега е пред враќање во Европа!

Аймерик Лапорт, поранешен дефанзивец на Манчестер Сити, ќе го напушти Ал Наср и покрај бог…