Тренерот на Барселона кратко зборуваше повторно на темата која минатиот викенд се случи на натпреварот помеѓу Валенсија и Барселона.
Ернесто Валверде после ремито на „Местаља“ господски ја прокоментира грешката на судиите која подоцна се покажа како одлучувачка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој денес на конференцијата за медиуми пред натпреварот против Мурсија повторно зборуваше за истата ситуација.
„Не можев да видам дали топката ја помина гол линијата бидејќи бев далеку, но кога видов дека Лео слави, знаев дека тоа е погодок. Апсурдно е тоа што судијата не го виде она што го видоа 40.000 луѓе. Се надевам дека поради овие работи наскоро и кај нас ќе се воведе видео технологијата“.
„Ова не значи дека ги критикувам судиите, свесен сум дека можат да погрешат, арбитрите во Шпанија се добри и трпат разни притисоци и поради тоа е важно да се воведе технологијата. Не е лесно да се биде судија“, истакна Валверде.
Барселона е лидер на табелата во Примера со четири бода повеќе од Валенсија и осум од Реал и Атлетико, а во среда со почеток од 19:30 ќе ја брани предноста од 3:0 во куп натпреварот против Мурсија.