Дома Фудбал Лига на шампиони Валверде одлучил: Познато кој ќе го менува Меси против Интер (ФОТО)

Валверде одлучил: Познато кој ќе го менува Меси против Интер (ФОТО)

Барселона утре пред своите навивачи ќе игра против Интер во рамките од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Двата клуба во првите две кола стигнаа до максимални шест бодови и сигурно дека не чека интересен натпревар.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Сепак, домаќините ќе бидат значително ослабени бидејќи Ернесто Валверде за овој натпревар не ќе може да смета на првата ѕвезда на тимот Лионел Меси. Аргентинецот како што е познато се повреди изминатиот викенд во натпреварот од Ла Лига.

Повредата на Меси дојде исклучително лош момент за Барселона бидејќи после натпреварот со Интер, на „Ноу Камп“ гостува Реал Мадрид.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Валверде веќе одлучил со кој состав ќе настапи против Интер, а на местото на Меси од првата минута се очекува да заигра Осман Дембеле. Исто така, на клупата би требало да се најде и Малком кој скоро и да „отпишан“ кај Валверде од неговото доаѓање ова лето од Бордо.

barcelona

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Јувентус

Јувентус е подготвен да понуди голема сума за доведување на Виктор Осимен, кој е главна тр…