Барселона беше поразена во шпанскиот куп од Севиља со резултат 2:0 во првиот натпревар.
Играчите на каталонскиот гигант беа непрепознатливи на теренот во натпреварот кој го одиграа без Лионел Меси. Аргентинецот беше изоставен, а поради тоа Валверде доби критики од страна на навивачите.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Сепак, Валверде не се кае за таквата одлука и им одговори на навивачите.
„Одлуката ја донесов врз одлука на тренерски критериум. Јас најдобро го познавам играчите. Морам да носам такви одлуки. Никој друг ги нема информациите кои ги имам. Го правам тоа што е најдобро за клубот“, изјави Валверде.