Дома Фудбал Валверде: Нејмар? Се уморив веќе, сакам ова да заврши!

Валверде: Нејмар? Се уморив веќе, сакам ова да заврши!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде е изморен од шпекулациите за Нејмар и едвај чека да се заврши преодниот рок.

Трансферот на Нејмар е во центарот на вниманието веќе подолго време. Вчера информациите беа дека трансферот е пред реализација, а веќе денес медиумите тврдат дека трансферот пропаднал.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Валверде денес зборуваше на пресконференција пред мечот со Осасуна, па новинарите неизбежно му го поставија прашањето за евентуалниот трансфер на Нејмар.

„Нејмар? Сакам што побрзо да се затвори трансфер пазарот и сето ова да заврши. Се уморив од оваа тема, трпението ми е на 9,5 на скалата до десет. Треба да се одморите од ова бидејќи трае премногу долго. Нема што да кажам конкретно за Нејмар, бидејќи тој е фудбалер на друг клуб“, изјави Валверде.

Тренерот потоа зборуваше и за Ракитиќ, кој требаше да биде дел од трансферот на Нејмар.

„Иван е одличен фудбалер кој одиграл многу натпревари за Барса и во моментов ништо не укажува дека нема да продолжи да игра за овој клуб. Минатиот натпревар не играше, но сезоната е долга и има време сите да играат“, закклучи Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш би можел да се раздели со Манчестер Јунајтед: Што ќе го одреди неговиот останок?

Бруно Фернандеш, капитенот на Манчестер Јунајтед, ќе направи важна одлука околу својата ид…