Дома Фудбал Валверде: Меси НЕ сака одмор, тој е човек кој сака да освои СЕ!

Валверде: Меси НЕ сака одмор, тој е човек кој сака да освои СЕ!

Eрнесто Валверде ги открива целите на најдобриот играч во својата екипа.

Се шпекулираше дека Лео Меси Бара ист третман како Нејмар во Пари Сен Жермен и дека сака да се чува за Мундијалот, но Валверде демантира такво нешто.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Имам голема доверба во моите играчи, а посебно во Меси. Неговата цел оваа сезона е да освои се. И со Барселона и со Аргентина. Зборувавме многу пати за тоа. Не е лесно, имаме густ распоред, не исто кога имате седум дена одмор и кога имате три. Меси не е човек кој бара одмор“, изјави тренерот на Барса.

Каталонците се на добар пат да ја освојат титулата во домашното првенство, во шпанскиот куп се пласираа во финалето каде што ќе играат против Севиља, додека во 1/8 финалето од Лигата на шампионите ги чека Челси.

messi

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола пред големииот јубилеј во дербито со Ливерпул призна: Ми недостасува мојот најголем ривал!

Пеп Гвардиола се подготвува за својот 1000. натпревар како тренер, а судбината сакаше него…