Главна тема денес во шпанските медиуми е евентуалното враќање на Нејмар во Барселона.
Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ денес објави ексклузива дека Нејмар сака да се врати на „Камп Ноу“ и дека веќе разговарал со своите бивши соиграчи па дури со челниците на клубот. (ОВДЕ).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа јасно беше дека на тренерот Валверде веднаш ќе му биде поставено тоа прашање на денешната пресконференција.
„Ми звучи како нечија фантазија, не знам од каде излезе ова и како ќе заврши. Ве молам да не зборуваме за хипотетички ситуации“, изјави Валверде, а потоа беше запрашан дали Бразилецот би се вклопил во неговиот тим.
„Нејмар игра за друг тим, би било апсурдно да зборувам за тоа. Имаме правило да не зборуваме за играчи од други клубови. Што и да кажам би можело да биде извлечено од контекст“, јасен беше Валверде.