Барселона по втор пат во последните две години доживува слична елиминација од Лигата на шампиони.
Шпанските медиуми се сигурни дека сметката за тоа ќе ја плати тренерот Валверде, кој ќе биде сменет на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството веќе размислува за промена, а во моментов две имиња се издвојуваат како фаворити за кормилото на Каталонците.
Еминентниот „Франс Фудбал“ тврди дека на мета на Барселона се двајца Холанѓани и тоа, Ерик тен Хаг и Роналд Куман.
Тен Хаг ја воодушеви фудбалска Европа на клупата на Ајакс оваа сезона и за малку ќе направеше „чудо“ со пласманот во финале во Лигата на шампиони, па во Барса сметаат дека ќе биде идеален наследник на Валверд.
Втората опција е Роналд Куман, кој е легенда на Барселона. Тој моментално е на клупата на холандската репрезентација, но има големо искуство и во клупскиот фудбал. До сега ги водеше Евертон, Саутемптон, Ајакс, Бенфика, Валенсија, ПСВ, Витесе, АЗ и Феенорд.