Дома Фудбал Лига на шампиони Валверде: Договорот на Меси? Сега е важен натпреварот против Јувентус

Валверде: Договорот на Меси? Сега е важен натпреварот против Јувентус

Екипата на Барселона во рамките од петото коло во Лигата на шампионите утре ќе го одигра својот натпревар против Јувентус.

По повод овој натпревар Ернесто Валверде денес одржа конференција за медиумите, а на истата тој беше запрашан за ситуацијата со договорот на Лионел Меси.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Сега не е време да размислуваме на договорот со Меси. Во овој момент е важно да се фокусираме на натпреварот против Јувентус. Очекуваме да ја видиме најдобрата верзија на италијанскиот шампион. Тие се навистина силен тим и имаат одличен напад. Ќе се обидеме да ја играме нашата игра и да им оставиме колку што е можно помалку простор“, изјави Валверде.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Барселона се игра утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јувентус подготвува голема понуда за Осимен

Јувентус е подготвен да понуди голема сума за доведување на Виктор Осимен, за да ги реши с…