Барселона синоќа беше поразена во полуфиналето на Суперкупот, по спектакуларниот пресврт на Атлетико Мадрид.
Тимот од Мадрид славеше со 3:2, иако само десет минути пред крајот на натпреварот губеа со 2-1. Но, Атлетико ги искористи двете големи грешки што ги направија играчите на Барселона и успеа да стигне до финалето со головите на Мората и Коре.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој пораз ја наруси атмосферата во Барселона, а тоа најдобро се виде на Лео Меси, кој замина разочаран во соблекувалната.После натпреварот на голем удар се најде Ернесто Валверде, кој доживеа уште еден шокантен пораз како тренер на Барса.
Поразите од Рома и Ливерпул во Лигата на шампионите беа простени и од челниците на клубот му беше дадена поддршка, но се чини дека работите се променети. Скај Спорт известува дека Валверде би можел да биде отпуштен уште во понеделник.
Наводно, тој ја загубил поддршката кај поголемиот дел од управата, а за понеделник е закажан состанок, каде Валверде ќе биде главна тема. Многумина веруваат дека Валверде ја заврши својата епизода во Барселона и овој пат нема да му се прогледа низ прсти.