Дома Фудбал Ваков Реал е опасен: „Кралевите“ со лекција до Атлетико на „Ванда Метрополитано“ (ВИДЕО)

Ваков Реал е опасен: „Кралевите“ со лекција до Атлетико на „Ванда Метрополитано“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид во големо дерби од 23-тото коло од шпанската Ла Лига го совлада Атлетико Мадрид со 1:3.

Мадритските ривали одиграа фантастично дерби, а на крајот „кралевите“ беа тие кои се радуваа и ги прескокнаа „јорганџиите“ на втората позција на табелата.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


До водство Реал стигна во 16-тата минута кога погоди Касемиро со одлични ножички. Само девет минути подоцна Антоан Гризман изедначи на 1:1.

После неколку шанси на двете страни Реал во 42-та минута доаѓа до погодок. Досуден е сомнителен пенал кој Серхио Рамос го претвори во погодок.

Вториот дел донесе голема борба и многу жолти картони. Натпреварот порано го заврши Томас кој беше исклучен во 80-тата минута. Претходно ВАР поништи велемајсторски лоб на Алваро Мората.

Конечните 1:3 ги постави Бејл во 74-тата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…