Во послениот, воедно и дерби натпревар од 33. коло во Серија А, Лацио на Олимпико го надигра Милан и го совлада со 3:0.
Иако оваа сезона Милан го носи ептитетот за најдобра гостинска екипа, на Олимпико падна без испукан куршум, целосно разбиен од домаќинот, кој со вечерашните три бода се вклучи во трката за ЛШ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лацио поведе се голот на Коре, после проигрување на Имобиле, а истио играч брзо после тоа промаши голема шанса. Најдобрата шанса на натпреварот за Милан ја пропушти Чалханоглу во првиот дел, кога Реина му одбрани зицер.
Исто така, при резултат 3:0 за Лацио, Кеси во 90 минута од неколку метри од голот на Лацио шутираше, но ја погоди само пречката.
На пет кола пред крајот, Интер е убедливо прв со 79 бода, Аталанта е втора со 68, па следува Наполи, Јувентус и Милан со по 66, додека Лацио сега има 61 бод.
Милан во следното коло го пречекува Беневенто, а Лацио ќе биде домаќин на Џенова.