Дома Фудбал Англија Вакво нешто не се случило: Во Англија се одложи натпревар поради расипан болјер

Вакво нешто не се случило: Во Англија се одложи натпревар поради расипан болјер

Натпреварот од Националната лига – Север во Англија помеѓу Саутпорт и Спенимур беше одложена затоа што во болјерот во соблекувалните немало топла вода.

„Поради проблем со болјерот во соблекувалната кој резултираше со недостаток на топла вода, нас не ни преостана ништо друго освен да ги известиме нашите противници дека натпреварот ќе мора да биде одложен“, стои во краткото соопштение од Саутпорт.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вакво нешто досега не се случило во Англија, а веројатно и пошироко. Од противничкиот клуб имаа разбирање и се благодарни што навреме биле известени.

„Сакаме да му се заблагодариме на Саутпорт што одлуката е донесена порано со што се избегна непотребно патување на нашите навивачи, стручниот штаб и официјалните лица“, објавија од Спенимур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…