Дома Видео Вакво нешто немавме видено: Полиција уапси играч среде меч! 🎥

Вакво нешто немавме видено: Полиција уапси играч среде меч! 🎥

На фудбалски натпревар од регионалната лига во Велс бевме сведоци на една неверојатна сцена.

Имено во натпреварот помеѓу Баглан Драгонс и Кумарн Селтикс беше уапсен фудбалерот Џордан Еванс.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Во игра тој влезе при резултат од 1:3 за гостите, а во 72. минута постигна гол за целосен пресврт и водство од 4:3. Но, тогаш полицијата неочекувано влета на теренот и го уапси, па натпреварот бил прекинат.

Од клубот ја објаснија ситуацијата.

Баглан Драгонс се свесни за видео кое кружи на социјалните мрежи на кое се гледа инцидент во кој е вмешан еден од нашите играчи. Сакаме да потврдиме дека тој беше приведен во 85. минута бидејќи бил осомничен за кражба. Но, може да потврдиме и тој беше ослободен од полицијата на Јужен Велс неколку часа подоцна“, објавија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Нокаут каков што не сте виделе на фудбалски натпревар – го испрати судијата во болница 🎥

Фудбалскиот натпревар од четвртфиналето во Купот на Индонезија помеѓу Ацех Јунајтед и Цнет…