Дома Фудбал Англија Важен потпис во Арсенал!

Важен потпис во Арсенал!

Фудбалерот на Арсенал и репрезентативец на Египет, Мохамед Елнени го продолжи договорот со лондонскиот клуб до 30-ти јуни следната година, потврдија „топџиите“.

Елнени кон крајот на јануари го повреди коленото на тренингот на Арсенал, а потоа беше опериран поради што ќе паузира до крајот на сезоната.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Среќен сум што потпишав за овој клуб и што сум се уште тука. Ќе дадам се од себе да бидаме најдобри во Премиер лигата“, изјави Елнени за официјалниот сајт на клубот.

Во овој момент Елнени е играчот со најдолг стаж во редовите на Арсенал, пристигна во 2016 година од Базел и за лондонскиот клуб одигра 155 натпревари, а постигна шест голови.

Репрезентативецот на Египет последниот натпревар за Арсенал го одигра во јануари во третото коло од ФА Купот против Оксфорд, тогаш постигна и еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На Тотенхем му се понуди тренер кој 20 години е без работа!

Легендата на Тотенхем, Глен Ходл, изјави дека е подготвен да се врати во клубот и предложи…