Легендарниот италијански голман Џиџи Буфон призна дека сеуште не донел конечна одлука дали ќе ја заврши кариерата по крајот на сезоната.
После големиот дебакл со репрезентацијата на Италија која не успеа да се пласира на Светското првенство Буфон најави дека се опростува од националниот дрес и дека ова најверојатно ќе биде неговата последна сезона во фудбалот. Муѓутоа, Буфон сеу ште не ја донел конечната одлука за тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Иднината сега не е мој примарен проблем. Во фудбалот сум скоро 30 години и морам да размислам. Се уште немам одлучено бидејќи морам да разговарам и со претседателот на Јувентус. Сакам да донесам исправна одлука и тоа ќе го направам во разговор со луѓето кои ме разбираат.“ – рече Буфон и додаде:
„Јувентус е клуб кој ми даде се и ветив дека ќе бидам тука се додека му бидам потребен. Како што реков, морам да разговарам со претседателот и сите во Јувентус и дури тогаш ќе ја донесам конечната одлука околу тоа што ќе се случи после оваа сезона.“