Дома Фудбал Италија Буфон открива: На два пати бев на чекор од заминување

Буфон открива: На два пати бев на чекор од заминување

buffon

Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон призна дека на два пати во минатото бил на чекор од заминвуање од Јувентус.

Буфон во Јувентус пристигна во 2001 година од редовите на Парма, а „старата дама“ не ја напушти ниту кога беше исфрлена во Серија Б. Сепак, признава дека два пати размислувал за заминување.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„На два пати малку недостасуваше да го напуштам клубот. Тоа беше времето кога не знаев што значи да си дел од овој клуб. Забележав дека работите одат во погрешен правец и дека морам да прифатам одговорност во спротивно можеше да стане полошо. Но во тие моменти за моја среќа судбината ја одигра својата улога и останав тука“, изјави Буфон.

Договорот на Буфон со Јувентус истекува на крајот од сезоната. Кога во прашање е нов договор или завршување на кариерата, се уште не потврдиле ништо ниту Буфон, ниту Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

На повидок изненадување: Манчини се враќа во Италија во нова улога?!

Доскоро селекторот на Саудиска Арабија и поранешен селектор на Италија, Роберто Манчини, п…