Дали на повидок е пресврт, ставот на клубот е познат, навивачите ќе бидат воодушевени.
Џанлуиџи Буфон изгледа е блиску до тоа да ја промени одлуката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, според неговата изјава се зависи од Јувентус, а доколку е така сигурно ќе брани уште една сезона.
„Јуве или заминување, се уште се чуствувам добро, сигурно нема да дозволам да се исмејуваат со мене. Оваа сезона направив неколку грешки, но имав и неколку одлични натпревар и бев на своето ниво. Не чуствувам дека нешто е поинакво во последните седум или осум години“, изјави еден од најдобрите голмани на сите времиња.
Буфон потоа го пофали и својот колега Војчех Шчесни.
„Тој е одличен голман, видов дека не недостасувам. Шчесни заслужува да брани во овој Јувентус“, испрати пофалби Буфон до својот колега.
После пауза од два месеци, Џиџи ќе се врати на голот во натпреварот против Киево кој на програмата е утревечер.
„Спремен сум, ќе видиме како ќе оди, наскоро ќе разговарам со Ањели, доколку Јувентус одлучи така ќе останам уште една сезона“, заврши Буфон.