Барселона вчера со 1:0 ја победи Граната во дебито на клупата на новиот тренер на Каталонците, Кике Сетиен.
Сетиен на дебито сруши клупски рекорд затоа што Барса на овој натпревар имаше 1005 додавања, повеќе отколку било кога на некој натпревар претходно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поседот на топка и напаѓачката игра се она кое Сетиен сака да го врати во играта на Барселона и тоа се виде во неговиот прв натпревар.
Доминираше Серхио Бускетс кој имаше повеќе додавања од целата екипа на Гранада заедно. Играчот за врска на Барселона имаше 145 додавања, додека комплетниот тим на Гранада натпреварот го заврши со 130 додавања.
Колку сега Бускетс стана важен зборува и тоа што имаше 14 одзмени топки, далку најмногу во екипата на Барселона. Втор во овој сегмент беше Жорди Алба кој осум пати ја донесе Барселона во посед.
Бускетс големо значење во играта имаше кај Пеп Гвардиола, а ако судиме според првиот натпревар така ќе биде и кај Сетиен.