Дома Фудбал Италија Бурно во Наполи пред финалето: Гатузо избркал играч од тренинг

Бурно во Наполи пред финалето: Гатузо избркал играч од тренинг

Џенаро Гатузо на еден од последните тренинзи на екипата се изнервирал и од тренинг го избркал Ирвин Лозано, кој очигледно нема иднина во Наполи.

Гатузо сака да го освои првиот трофеј како тренер, а негов противник ќе биде Јувентус, па сигурно нема да биде лесна задачата во финалето на италијанскиот Куп.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пишуваат дека Гатузо се изнервирал бидејќи Лозано не покажал никаква желба на тренингот, па поради тоа го преселил на клупата, а најверојатно и ќе се обиде да го продаде.

Лозано пристигна минатото лето од ПСВ Ајндховен за 40 милиони евра, по желба на Карло Анчелоти, но постигна само три гола и две асистенции на 25 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скандал во Лига Европа: Настапил фудбалер кој немал право, беше и еден од најважните во тимот – голем пропуст на УЕФА!

На натпреварот меѓу Лион и Утрехт на теренот играше фудбалер кој немаше дозвола и асистира…