Дома Фудбал Италија Бурно во Милан: Газидис ги „брка“ Бобан и Малдини и носи „свој човек“

Бурно во Милан: Газидис ги „брка“ Бобан и Малдини и носи „свој човек“

Директорот на „росонерите“ Звонимир Бобан во разговор за „Газета“ потврди дека во Милан има „две струи“ и директно го обвини генералниот директор Иван Газидис.

После таквата изјава додатно се зголеми јазот помеѓу Газидис од една страна и Бобан и Малдини од друга страна, па медиумите најавувата големи промени на крајот на сезоната.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Газидис е човек од доверба на компанијата „Елиот“ која е соптсвеник на клубот, па поради тоа Бобан и Малдини најверојатно ќе ги напуштат директорските функции на крајот на сезоната.

Газидис без нивно знаење веќе преговарал со Ралф Рагник, кој од следната сезона треба да биде тренер, но и спортски директор во Милан.

Со тоа не се согласуваат Бобан и Малдини, па најверојатно на „лето“ ќе се прави реконструкција во раководството.

Тоа може да има сериозни импликации и во тимот. Имено, медиумите најавуваат дека можат да си заминат „пулените“ на Мино Раиола, а тоа се Донарума, Ибрахимовиќ, Бонавентура и Ромањоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…